Макрон бара нови разговори со претставниците на движењето „Жолти елеци“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера побара од премиерот Едуард Филип да се сретне со лидерите на најголемите политички партии и претставниците на движењето „Жолти елици“, кое ги организираа протестите поради зголемување на цените на горивата, со цел да се изнајде излез од актуелната криза.

Тој во исто време од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер побара да размисли за „измени“ на безбедносните процедури.

Средбата на премиерот Филип со претставници на „Жолтите елеци“ минатата недела не беше реализирана откако беше одбиено барањето на движењето разговорот да се емитува во живо.

Според полицијата во протестите во саботата повредени се 133 лица, од кои 23 полицајци, запалени се шест згради, 130 барикади и 112 автомобили. Во притвор задржани се 378 луѓе, од кои 33 се малолетни лица.

„Жолтите елеци“ се симбол на истоименото движење кое организира протести ширум Франција поради зголемување на данокот на горивата.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано