Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон побара итна и масовна хуманитарна помош за Газа, предупредувајќи дека регионот се соочува со катастрофална ситуација и неприфатливи хуманитарни загуби.

Макрон тоа го побарал во вчерашниот разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, еден ден откако тој имал телефонски разговор со јорданскиот крал Абдула Втори, пренесува телевизијата БФМ.

– Итно е, повеќе од кога било, по 15 месеци конфликт, да се добие ослободување на сите заложници кои ги држеше Хамас, да се воспостави трајно примирје и да се дозволи хуманитарна помош да стигне до луѓето во Газа во големи количини, нагласи Маркон во телефонски разговори со претседателот на Египет и кралот на Јордан.

Францускиот претседател укажа и на „достапноста“ на Франција кога станува збор за продолжување на „заедничките хуманитарни акции“ со Јордан со цел да се испрати помош директно во Појасот Газа.

Макрон исто така изрази подготвеност за соработка со сите регионални партнери за ефикасно спроведување на решението за две држави, пред се во рамките на самитот што ќе го организира заедно со Саудиска Арабија во јуни следната година. Во разговорите Макрон истакна дека „падот на Башар ал Асад е можност за Сирија и за целиот регион“, укажувајќи на важноста од заштита на малцинствата и продолжување на борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

Калас: Продолжете со преговорите за Газа, нападите на Израел врз Сирија и Либан ризикуваат ескалација

(ВИДЕО) Израелски амбасадор повикува да се убијат палестинските тинејџери во Газа