Макрон: Апсолутно последен рок за Брегзит е 31 октомври

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека 31 октомври е последен рок за повеќепати одложуваниот Брегзит.

– Сметам дека тоа треба да биде крајниот рок, заштоа што не сакам новиот состав на Европската комисија да се занимава со тоа прашање, истакна Макрон, истакнувајќи дека ново одложување би било голема грешка.

Сепак, постои исклучок за продолжување на рокот, а тоа е евентуален нов референдум за Брегзит.

– Пролонгирање е остварливо доколку имаме нов референдум или нов модел кој би бил прифатлив за останатите членки и за нашиот преговарач, потенцираше Макрон.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина