Македонија пак му воведе санкции на Лукашенко, од сите кандидатки за ЕУ само Србија била против

Од:

Европскиот совет денеска соопшти дека се воведени нови санкции на ЕУ кон власта на белорускиот претседател Александар Лукашенко, како и дека кон мерката се приклучиле сите земји-кандидатки за членство во Унијата, освен Србија.

На 21 јуни, Советот ги воведе казнените мерки кон 78 белоруски државјани и седум правни лица, поради „тешко кршење на човековите права и репресија врз граѓанското општество, опозицијата и новинарите“, како и поради принудното приземјување на авион во Минск, за да се уапси опозициски блогер.

Меѓу индивидуалците кои се ставени под санкции во рамките на четвртиот пакет се голем број судии и обвинители „одговрони за бројни политички мотивирани пресуди против новинари, активисти и демонстранти“, се објаснува во одлуката на Европскиот совет.

Под санкции се и неколкумина прорежимски новинари, ректори на повеќе универзитети поради исфрлување на студенти кои учествувале во протести, како и бројни бизнисмени кои имаат блиски врски со власта на Лукашенко.

Иако Србија сега е единствената земја-кандидатка што не го поддржа овој пакет казнени мерки, земјата минатиот месец веќе поддржа една слична одлука на Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

САД воведоа нови санкции кон Иран

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел