Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ ќе го претстави на 29 октомври новиот мобилен оперативен систем Windows Phone 8.
Тој мобилен систем ќе биде претставен три дена по официјалното лансирање на системот Windows 8.
„Мајкрософт“ во јуни објави неколку детали поврзани за Windows Phone 8, пред се дека тој систем ќе го дели јадрото со „Виндоуз 8“, дека апликациите ќе можат да бидат кодирани во програмски јазици C, C++, C# или „Визуал бејзик“ – ВБ, како и дека ќе постои вистинска милтифункционална опција и персонализиран екран.
„Мајкрософт“ на 25 октомври во пресрет на лансирањето на Windows 8, ќе организира уште еден настан, односно ќе го лансира својот таблет „Срфејс“, првобитно претставен на 19 јуни.