Мајка заборави едногодишна ќерка во такси

Од:

Лондонски таксист бил шокиран кога сфатил дека на задното седиште вози едногодишно девојче кое мајката го заборавила. Работата да биде полоша, таксистот Ертан Расит девојчето го возел по Лондон 15 минути, а на фактот дека некој седи на задното седиште му укажал муштеријата по која дошол, пишува „Дејли Мејл“.

Потоа се сетил дека девојчето и нејзината мајка ги качил во Ковент Гарден, каде биле во шопинг. За жал, мајката од таксито ги земала само вреќичките, додека ќерката ја „заборавила“.

За среќа, девојчето очигледно сака да се вози затоа што не плачело и мајка и по се судејќи не и недостасувала. Од друга страна, додека таксистот стигнал до местото каде мајката излегла од таксито, таа веќе повикала полиција и со 30-тина луѓе  хистерично ја барала ќерката.

– Кога излегов со девојчето од таксито, народот скандираше и ракоплескаше. Беше како на филм. Мислам, луѓето во такси оставаат лаптоп компјутери или некои работи, но се уште никој не оставил дете, раскажа шокираниот Ертан Расит.

Мајката подоцна раскажа малку поинаква приказна. Тврди дека таа не го заборавила, туку само прво од автомобилот ги извадила вреќичките, а кога се свртела да го земе детето, таксистот веќе тргнал.

– Викав и трчав по него, но ниту ме  слушаше ниту ме гледаше, рече госпоѓата чија приказна сепак имала среќен крај.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он