Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Од:

Жителите на мирниот град во Франција, каде мајка, наводно, избодела три деца до смрт пред да биде пронајдена мртва, велат дека можеби постапила од одмазда.

Дебора Пел (45) наводно ги избодела своите деца Џулс (2), Ноа (11) и Викторија (13) во нивниот дом во Танинг во вторникот, пред да се упати кон соседна Швајцарија, каде што подоцна била пронајдена мртва во „ауди“.

Локалните жители сега тврдат дека Дебора можеби „сакала да се одмазди со убивање на децата“ откако „со партнерот работите не оделе добро“ и тој се оддалечил, пишува Le Parisien.

Мажот, кој е татко на најмалото дете, го открил ужасот во семејниот дом и веднаш ги повикал надлежните. Обдукцијата покажала дека децата биле избодени до смрт.

Ќерката на Дебора, Викторија, наводно претходно и рекла на својата пријателка дека „со нејзината мајка работите не се добри, дека е депресивна“. Дебора наводно оставила и проштално писмо, но содржината не е позната.

Телата на децата биле пронајдени во вторникот околу 13 часот, по што е започната потрага по мајката.

Дебора имала француско и швајцарско државјанство, поради што француските власти веднаш побарале помош од швајцарските колеги во потрагата по неа.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“