Мафијата заработува помалку отколку што се мислеше

Од:

Италијанските мрежи на организиран криминал годишно заработуваат околу 10,5 милијарди евра, што е многу помалку од досегашните проценки, се наведува во новиот извештај, чија изработка ја побара владата.

Приходите на мафијата се на висина од околу 0,7 отсто од италијанското БДП, пишува во извештајот на истражувачкиот центар “Transkrajm”.

Миланскиот Универзитет Бокони минатата година процени дека криминалците годишно во своите џебови ставаат околу 10,9 отсто од италијанскиот БДП.

– КриминалОТ донесува значително помалку заработка отколку што претходно се мислеше. Потребно е да ја елиминираме идејата за тоа дека мафијата однесува десет проценти од бруто домашниот производ – изјави шефот на “Transkrajma” Ернесто Савона, но не објасни од каде толкава разлика во проценките.

Неговиот центар во истражувањето користел статистики од правосудството, податоци за перење пари и даночно затајување, полициски извештаи и информации за заплена на имот.

Учесниците на конференцијата, каде што се претставени резултатите од истражувањето рекоа дека мафијата се уште претставува голем проблем и дека организираниот криминал се обидува да се пресели од своите упоришта во јужниот дел на Италија повеќе на север, вклучувајќи го и богатиот милански регион Ломбардија.

– Крвопиецот оди таму каде што има крв, а парите се тука, во Милано – изјави заменик-шефот на италијанската полиција Алесандро Марањони.

Мафијата ја користи италијанската економска рецесија и позајмува пари на компании кои не можат да добијат кредити од банките, бидејќи често ни овие финансиски институции немаат доволно пари.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски