Мадуро: Продолжуваат разговорите со американската делегација

Од:

Владата на Венецуела и делегацијата на американската администрација за време на средбата во Каракас се договорија да продолжат разговорите за прашања од заеднички интерес, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

„Се договоривме да продолжиме да разговараме за прашања од заеднички интерес. Средбата траеше речиси два часа и беше срдечна и со почит“, изјави Мадуро на националната телевизија.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки претходно потврди дека американска делегација отпатувала во Каракас на разговори, меѓу другото, за енергетската безбедност и ситуацијата со американските граѓани кои се притворени и отслужуваат казна во Венецуела.

Весникот „Вашингтон пост“ оценува дека ова е највисокото ниво на контакт меѓу двете земји во последниве години, „што доаѓа во време кога САД се обидуваат да ја изолираат Русија поради нејзиниот напад врз Украина“.

Посетата на американската делегација беше реализирана само неколку дена откако Мадуро и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараа за зајакнување на партнерството меѓу нивните земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он