Мадуро предлага повторно воспоставување конзуларни односи со Колумбија

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро синоќа изјави дека е подготвен повторно да воспостави конзуларни односи со соседна Колумбија, поранешната колумбиска сенаторка Аида Мерлано беше уапсена во Венецуела.

Социјалистот Мадуро ги прекина односите со Колумбија минатата година и на колумбискиот дипломатски и конзуларен персонал во Венецуела му даде рок од 24 часовен рок да ја напушти земјата, како одговор на помошта од конзервативната влада на Иван Дуке, до венецуелската опозиција со испораката на хуманитарна помош во земјата погодена од кризи.

Како и повеќето западни демократии, Колумбија го признава лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, претседател на Парламентот во Венецуела, како законски претседател на таа јужноамериканска држава богата со нафта.

Во почетокот на неделата колумбиското Министерство за правда соопшти дека од Гуаидо ќе бара испорачување на Мерлано, осудена лани на 15-годишна казна поради купување гласови. Мерлано беше во понеделникот приведена во Венецуела.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата