Мадуро ги обвини САД за „империјалистички напад“ врз неговата сопруга

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД за „империјалистички напад“ врз неговата сопруга Силија Флорес.

Изјавата на левичарскиот венецуелски претседател претставува реакција на осудувањето на двајца блиски роднини на Флорес од страна на суд во Њујорк.

Ефраин Кампос Флорес и Франуи Франциско Флорес се прогласени за виновни поради заговор за увоз на 800 килограми кокаин во САД.

Двајцата осудени се соочуваат со казни доживотен затвор.

Тие биле уапсени од прикриен агент на Хаити во ноември 2015 година во операција на американската Агениција за борба со наркотици (ДЕА).

Во тоа време Владата на Мадури ги обвни САД дека „киднапираат луѓе“.

Обвинителот во судскиот процес пред њујоршкиот суд изјави дека обвинетите направиле заговор за да го искористат хангарот на венецуелскиот претседателски авион, за да ја префрлаат дрогата до Хондурас, а од таму во САД.

Првата дама на Венецуела, Силија Флорес е истакната политичка личност во земјата. Таа е член на највисокото партиско раководство во владејачката партија на нејзиниот сопруг, а пет години до 2011 година, беше и претседател на Парламентот.

– Доста е веќе напади против револуционерките во Венецуела, вклучувајќи ја и мојата сопруга Силија Флоре, рече Мадуро во говор пред свои симатизери во главниот град Каракас.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас