Лукашенко со чуден предлог за лекување на коронавирусот

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги охрабри Белорусите да одат да работат на село и да возат трактори како начин да се спасат од епидемијата на коронавирусот.

Лукашенко во обраќањето кое се емитуваше на националната телевизија рече дека „не треба да има паника околу вирусот“.

-Она што треба е да се работи, посебно сега, на село. Убаво е да се види на телевизија како луѓе работат со трактори и никој не ни спомнува вирус. Така, тракторот е лек за сите вас. Полето лекува се, рече Лукашенко.

Белоруското министерство за здравство претходно соопшти дека бројот на пациентите кои се позитивни на тестот за присуство на коронавирусот порасна на 36.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир