Лукашенко отвори нуклеарна електрана на 50 километри од Вилнус

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска пушти во употреба нуклеарна електрана во близина на градот Астравец, на оддалеченост од 50 километри од главниот град на Литванија, Вилнус.

Нуклеарната електрана ја изгради руската државна компанија Ростом, а беше финансирана со руски кредит од 10 милијарди долари.

– Ова е историски момент. Земјата ќе стане нуклеарна сила. Нуклеарната електрана во Астравец е нов чекор во иднината, кон осигурување на енергетска безбедност на државата, посочи Лукашенко.

Соседните земји на Белорусија се загрижени поради безбедноста на нуклеарната електрана.

Белорускиот опозиционер Андреј Саников на Твитер напиша дека нуклеарната електрана е геополитичко оружје на Лукашенко и на Кремљ против Европската Унија и радиоактивна опасност за Белорусија и за Европа.

Би можело да ве интересира

Жестоки реакции на одлуката на Путин да постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

Ана Ололовска

Данилов: Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник

12 години затвор за две жени кои водеа независен портал во Белорусија

(ВИДЕО) Белоруски граничари: Украинците не плашат со кукли на обесени руски војници

Светлана Тихановскаја осудена на 15 години затвор

Ана Ололовска

ВИДЕО: Белоруските партизани објавија снимка од напад на руски шпионски авион

Ана Ололовска