Лукашенко: Белорусија изврши специјална операција во Украина

Од:

Белорусија изврши специјална операција за ослободување белоруски државјани во Украина, соопшти денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Се случи злобниците да ги држат нашите луѓе, особено возачите на автомобили кои беа таму, истакна Лукашенко.

Според него, Украина запленила 1.500 белоруски вагони, автомобили и околу стотина мажи кои возеле камиони.

– Ги предупредив Украинците дека ќе бидеме принудени да извршиме операција за ослободување на овие луѓе. Спроведовме специјална операција и ги ослободивме сите наши граѓани, додаде Лукашенко.

Тој не откри повеќе детали, но рече дека веќе му наложил на претседателот на Советот за државна безбедност (КГБ), Иван Тертел, да им додели државни признанија на сите вклучени во оваа операција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск