„Луфтханза“ откажа 670 летови поради штрајк на аеродромскиот персонал

Од:

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ денеска откажа повеќе од 670 европски летови поради предупредувачки штрајк на аеродромскиот персонал.

„Луфтханза“ вчера соопшти дека во периодот меѓу пет часот наутро и попладне ќе ги откаже поголемиот дел од домашните и кратки летови на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Дизелдорф, Берлин и Хамбург.

Синдикатот на вработените во „Луфтханза“ повика на штрајк, со цел да се зголеми притисокот врз раководството на компанијата непосредно пред вториот круг преговори за зголемување на платите од 5,2 проценти за околу 33.000 вработени.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад