Лорд Пауел: Маргарет Тачер би се определила за ЕУ

Од:

Поранешниот британски премиер Маргарет Тачер би се определика за ЕУ и не би била против членството на Велика Британија во Унијата, тврди нејзиниот некогашен долгогодишен приватен секретар, лорд Пауел.

Во авторски текст во „Сандеј Тајмс“, за тоа како би се определила Тачер на референдумот доколку се уште беше жива, лорд Пауел вели дека таа никако не би била за напуштањето на Унијата.

– Сигурно знам дека во сите години на работа со неа, Тачер никогаш ја нема споменато можноста Велика Британија да се повлече од ЕУ. Едноставно, нејзината цел беше да се притиска за менување и реформирање на состојбите (во Унијата), а не да се замине од ЕУ, пишува лорд Пауел.

Изјавата на приватниот секретар на Маргарет Тачер и почитуван ториевец доаѓа во време на распалени страсти меѓу британските конзервативци и посебно меѓу евроскептиците, кои се незадоволни од нацрт-договорот на премиерот Дејвид Камерон со Брисел околу барањата за реформирање на ЕУ.

Најголемиот број од евроскептиците во редовите на Конзервативната партија се определуваат како „тачеристи“ и тврдат дека таа би имала многу потврда линија кон Брисел од онаа на Камерон и дека би добила многу повеќе отстапки. Најборбените меѓу нив дури веруваат и тврдат дека таа би се определила за заминување од Унијата, онака како што тие сега заговараат.

Тврдењето на лорд Пауел дека Тачер не размислувала на тој начин и дека „сигурно не би заминала“ од Унијата, претставва силна поддршка за оние конзервативци кои веруваат дека местото на Велика Британија мора да биде во ЕУ, со цел земјата да не остане целосно настрана од случувањата во Европа.

Против напуштањето на ЕУ, веќе се изјаснија и поранешниот премиер Џон Мејџор, кој во 1990 година ја наследи Тачер, како и некогашниот министер за надворешни работи и во еден период и лидер на конзервативците, Вилијам Хејг. Тие предупредија и на опасноста Велика Британија да се распадне доколку се определи за напуштање на ЕУ.

Маргарет Тачер беше 11 години премиер, а од функијата замина по партискиот пуч, но во партијата се уште има силно крило од конзервативци кое се сметаат себе си за „тачеристи“ и следбеници на нејзината политика.

Лорд Пауел остана во блиски врски со Тачер и по нејзиното повлекување од политиката се до пред крајот на нејзиниот живот.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он