Лорд Хил: Велика Британија во преговорите за Брегзит може сама себе си да си наштети

Од:

Поранешниот британски еврокомесар Лорд Хил ги предупреди британската Влада и премиерката Тереза Меј на опасноста, самата да се повреди во текот на преговорите за раздружување со Европската унија.

– Се плашам дека би можеле самите да си пукаме во нога доколку се определиме за тврд Брегзит и за тврди преговори со Брисел, истакна Хил за „Дејли мирор“.

Според поранешниот еврокомесар, целиот систем на ЕУ е заснован на договарање, на усогласување и компромиси, што Меј  не би смеела да го заборави.

Хил смета дека сегашната дилема за „тврд“ или за „мек“ Брегзит е погрешна и дека определувањето треба да биде насочено кон „глупав“ или кон интелигентен и разумен Брегзит, што не би завршил со ситуација во која едни на други си пукаме, а при тоа уште и самите да си нанесеме повреди.

Изјавата на Хил е реакција на засилената остра, антиевропска и антиЕУ реторика на десницата во владејачката Конзервативна партија во Велика Британија и на нејзините медиуми.

Тие инсистираат на тврда и бескомпромисна британска позиција кон Брисел, кога станува збор за мигрантите и за пристапот на Велика Британија кон заедничкиот пазар на ЕУ, обвинувајќи ги оние кои не мислат дека дека се против напуштањето на ЕУ.

– Ние сега треба да се определиме само кон еден разумен Брегзит, посочи Хил.

На синоќешната средба на Меј со Франса Оланд во Брисел, францускиот претседател предупредил дека ако таа и Велика Британија сакаат да имаат „тврд“ Брегзит, тогаш ќе се соочат со „тврди преговори“.

Даунинг стрит 10 денеска одби да ги коментира разните предлози околу тоа какви преговори треба да се водат, освен што порача дека е сигурно само дека Велика Британија излегува од ЕУ.

– Цел на Владата во овој момент  е да се обезбедат преговори без проблеми, во кои нашата земја ќе го извлече најдоброто за себе, наведе портпаролот на Даунинг стрит 10.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он