Лорд Хезелтајн сменет откако гласаше за амандманот на опозицијата

Од:

Поранешниот заменик премиер и министер во неколку британски конзервативни влада, лорд Хезелтајн е сменет од должноста советник во Кабинетот на Тереза Меј, откако во Горниот дом гласаше за амандаманот на опозицијата.

Хезелтајн, заедно со уште 12 други ториевци, членови на Домот на лордовите, го подржа барањето за гласање во Парламентот во врска со конечниот договор што Велика Британија ќе го постигне со ЕУ за Брегзит и покрај острото спротивставување на Владата.

Изгласувањето на овој амандман со 366 гласови „за“ и 268 „против“, претставува најголем пораз што една Влада го доживеала во Горниот дом на Парламентот уште од 1831 година.

Аналитичарите во Лондон сметаат дека тоа претставува понижување за актуелната премиерка Меј, која доживеа двапати да загуби во врска со законот за Брегзит, што треба да и овозможи да го покрена членот 50 од Лисабонската спогодба и да ги почне формалните преговори за излегување од ЕУ.

Владините министри кои работата за Брегзит и антиевропските весници тврдат дека двата изгласани амандмани само ја „поткопуваат“ позицијата на Тереза Меј во преговорите со Брисел.

Во изјава за радио Би-Би-Си, Хезелтајн рече дека за своето сменување дознал неколку часови по завршувањето на гласањето.

– Сите премиери со кој имам работено досега, вклучувајќи ја и Меј, пред референдумот за ЕУ, ме уверуваа дека основно за Велика Британија е да си бара сопствени интереси во Европа, изјави Хезелтајн.

Тој е еден од ветераните на Конзервативната партија и еден од најугледните ториевски политичари. Беше министер во владите на Маргарет Тачер и на Џон Мејџор, но е познат по тоа што го предводеше партискиот пуч што доведе до смена на „челичната леди“.

За советник во Владата беше поставен од претходниот премиер Дејвид Камерон.

Во кампањата за референдумот од 23 јуни, лорд Хезелтајн агитираше за останување на Велика Британија во ЕУ, означувајќи го членството како витално за британските интереси.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он