Лондон испитува како да одговори на безбедносните закани по нападите во Париз

Од:

Британските безбедносни власти се обидуваат да изнајдат вистинско решение за тоа како да се одговори на безбедносната закана за земјата, по терористичките напади во Париз, па денеска во Лондон се одржува втора седница на специјалната Комисија за вонредни ситуации КОБРА.

На вчерашната седница, со која раководеше премиерот Дејвид Камерон одлучено е да се задржи досегашното ниво на тревога од втор степен, според која, терористички напад во Британија е „мошне веројатен“.

Камерон подоцна изјави дека ваквото решене не значи дека тоа не може да биде повторно преразгледано.

Засега е одлучено само да се зголеми бројот на полициските сили на британските пристаништа, како и да се засили бројот на полицајците на јавните места и на јавните настани.

Во Лондон е потврдено дека меѓу убиените во Париз има и еден млад Британец кој работел како продавач во концертната сала Батаклан.

Сведоци изјавија за лондонските медиуми дека во салата во која имало 1.500 луѓе, сите тинејџери и млади во своите рани дваесети години, имало и други Британци.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он