Лондон и Париз: Кризата со имигрантите во Кале е европски проблем

Од:

Завршувањето на кризата со илјадниците имигранти кои се обидоа да ја пробијат оградата во францускиот град Кале и да пристигнат во Англија не е проблем само на Велика Британија и Франција, туку претставува приоритет и на европско и на меѓународно ниво, се наведува во заедничката изјава на британскиот и францускиот министер за внатрешни работи, Тереза Меј и Бернар Казнев.

– Голем бриој имигранти кои во Кале се обидуваат преку тунелот под Ламанш да стигнат во Велика Британија прво поминале низ Италија, Грција и други земји. Затоа бараме од другите земји-членки на Европската унија и од ЕУ во целост да се фокусираат на самата причина за оваа криза, се потенцира во изјавата на Меј и Казнев.

Тие како долгорочно решение на проблемот предлагаат потенцијалните имигранти да се убведат дека „европските улици не се поплочени со злато“.

Последните недели стотици имигранти се обидоа да ја пробијат оградата и да влезат во Евротунелот и со воз или камион да отпатуваат за Велика Британија. Вои таквите обиди од почетокот на јуни загинаа најмалку десет лица.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска