Лондон и Анкара работат на запирање на протокот на странски борци во ИД

Од:

Велика Британија и Турција работат за запирање на протокот на странски борци, што пристапуваат кон џихадисти на „Исламска држава“ во Ирак и Сирија, изјави синоќа во Анкара британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Ние се бориме против заеднички непријател, еден краен тероризам, изјави Камерон на заедничка прес конференција со турскиот колега Ахмет Давутоглу.

Во ноември британските власти објавија дека земјата се соочува со најголемата закана по националната безбедност во мирно време. Според податоци на Скотланд јард над 500 Британци заминале да војуваат на страната на групи како ИД, поради што властите стравуваат дека тие може да планираат напади по враќањето во Велика Британија.

Британскиот премиер нагласи дека разговарал со турскиот колега за долгорочна стратегија за уништување на ИД и враќање на стабилноста во тој дел од светот. Камерон истакна дека размената на разузнавачки информации меѓу Турција и Велика Британија на највисоко ниво може да помогне за запирање на протокот на џихадисти во Сирија и надвор од земјата.

Давутоглу ги отфрли обвиненијата против Турција дека дозволува преминување преку нејзина територија на екстремисти, што заминуваат за Сирија да се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.

– Ниту еден борец од ИД не минал преку турска територија, изјави Давутоглу, додавајќи дека џихадистите претставуваат закана за националната безбедност на Турција.

Според Давутоглу, никој не може да ја стави под прашање посветеноста на Турција во борбата против тероризмот. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно