„London Eye“ добива конкуренција

Од:

Светски познатото „Лондонско око“, панорамскиот велосипед што одамна важи за најголемата атракција, ќе добие конкуренција со новиот проект на „Caesars Entertainment“. Оваа компанија ќе вложи повеќе од половина милијарда долари за да го фрли во сенка Лондонското око и да направи своја верзија во САД.

„High Roller“ е новиот панорамски велосипед во Лас Вегас, со висина од 167,6 метри, а ќе биде лоциран во близина на казиното „Фламинго“ и „Империјал Палас“. 28 климатизирани кабини со форма на меури од сапуница ќе им бидат достапни на гостите, при што во еден меур ќе можат да семестат 40 посетители.

Една ротација околу оската ќе трае 30 минути, а интересно е да се спомене што во овие кабини ќе можат дури и да се организираат венчавки.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД