Лондон: Четири полицајци повредени, 29 лица уапсени на собир за поддршка на Палестинците

Од:

Четворица полицајци се повредени, а 29 лица се уапсени на митинг во Лондон каде илјадници демонстранти се собраа на плоштадот Трафалгар во поддршка на Палестинците кои бараат прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.

Лондонската полиција соопшти дека уапсила демонстранти за поттикнување расна омраза, насилство и напад врз полицајци. Собирот во саботата попладне беше главно мирен, но дел од демонстрантите испукаа огномет кон полицијата, при што беа повредени четворица полицајци, а вечерта дошло до судир со полицијата, објави „Гардијан“.

Повеќе од 1.300 полицајци биле на должност во областа, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

Израел: Пронајдовме тела на пет заложници во Газа

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел