Повеќе од 4.400 пожарникари се борат со шумски пожари кои зафатија делови на Португалија, соопшти власта во Лисабон.
Националната Управа за цивилна заштита наведе дека денеска на кризните подрачја се упатени 1.500 пожарникарски возила и 32 авиони кои треба да се справат со 702 пожари кои се појавија пред неколку дена и се уште не се локализирани.
Пожарите брзо се шират во боровите шуми, дополнително има ветер и дневната температура во последните неколку дена над 30 степени.