Лидерoт на талибанците изрази подготвеност за преговори со авганистанската Влада

Од:

Талибанскиот лидер, мула Мохамад Омар ги обвини САД и Владата на Авганистан за досегашниот неуспех на мировните преговори меѓу неговото движење и властите во Кабил, но најави дека авганистанските талибанци се подготвено да ги продолжат преговорите.

Во денешната порака на пет страници по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, мула Омар ги повика своите приврзаници да не ја запираат борбата против меѓународната коалиција и нејзините сојузници во Авганистан.

Водачот на талибанците ги повика припадниците на авганистанските бебзедносни сили своето оружјето да го насочат кон странските воени единици, владините службеници и кон Авганистанците кои и помагаат на меѓународната коалиција предводена од САД.

Талибанците на 18 јуни отворија свое политичко претставништво во катарскиот главен град Доха и соопштија дека се подготвени за мировни преговори, нагласувајќи дека сакаат да ги искористат сите легални средства за да и стават крај на странската окупација на Авганистан.

Преговорите, меѓутоа, пропаднаа откако претседателот на Авганистан Хамид Карзаи изјави дека канцеларијата на талибанците во Доха наликува на амбасада на влада во егзил.

Во денешната порака, испратена по електронска пошта, мула Мохамад Омар предупредува дека авганистанските талибанци ќе ги бојкотираат претседателските избори во Авганистан, предвидени за следната година и ќе ги продолжат борбените дејствија се до повлекување на странските војници од земјата, пренесе ИТАР-ТАСС.

Тој претстојните претседателски избори дури ги нарече „сценарио во кое талибанците воопшто немаат намера да учествуваат“.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан