Лидерот на таџикистанската опозиција убиен во Турција

Од:

Лидерот на таџикистанската опозиција Умарали Куватов е убиен во Истанбул од непознат напаѓач, со еден истрел во главата, соопшти претставник на опозицијата.

Турската полиција, која го потврди атентатот, соопшти дека Куватов веќе бил мртов кога припадниците на специјалната единица за борба против тероризмот, пристигнале на местото на убиството.

Куватов живееше во егзил во Турција од 2011 година, откако пред тоа престојуваше во Москва и во Дубаи. Тој го создаде и го водеше движењето Група-24, кое стана силна опозиција на владата на претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон.

Властите во Душанбе од октомври минатата година го забранија дејствувањето на Група-24, а таџикистанските власти на неколкупати бараа од властите во Турција да го екстрадираат Куватов, за да му се суди за повеќе „криминални дела“, но официјална Анкара ги одби сите вакви барања.

Убиството се случило во текот на вечера на која Куватив бил со својата сопруга и двете мали деца. Во еден момент, тој почувствувал дека не се чувствува добро, па излегало надвор за да „земе воздух“, но таму го пречекал убиецот кој го убил пукајќи му во главата.

Сопругата и двете деца исто така почувствувале слабост и набргу изгубиле свест. Подоцна се опоравиле, а анализата што е направена покажала дека сите биле намерно затруени со храната.

Опозициската Група-24 ја сочинуваат главно поранешни таџикистански бизнисмени, но ова движење забрзано стекнува популарност меѓу неколкуте милиони Таџикистанци кои работата и живеат во Русија и во Турција. Куватов и другите од раководството на Група-24 преки интернет се обидоа да организираат демонстрации во Душанбе, што предизвика гнев кај тамошната власт.

Умарали Куватов и самиот е бизнисмен кој има заработено милионски суми на почетокот од овој век, бавејќи се со трговија, градежништво и подоцна со бизнисот со нафта. Во еден период тој му беше партнер на зетот на претседателот Рахмон, заеднички снабдувајќи ги со нафта силите на НАТО во Авганистан.

Проблемите за него настанаа кога „влијателни луѓе“ во Душанбе го истиснале од вносниот бизнис, по што Куватов стана опозиционер и критичар на власта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Земјотресот од Таџикистан се почувствува и во Кина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силен земјотрес утрово го погоди Таџикистан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Претседателот на Таџикистан му одржа лекција на Путин: Престанете да не третирате како уште да сме дел од СССР

Катерина Ѓуровски

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

Блинкен разговор со министрите за надворешни на земјите од Централна Азија

А1он

Примирје по престрелката на киргистанско-таџикистанската граница во која се ранети 11 војници од Киргистан, а убиени двајца цивили од Таџикистан

Ана Ололовска