Лидерот на лабуристите во јавна расправа со воениот врв на Британија

Од:

Лидерот на британските лабуристи, Џереми Корбин се најде во јавна расправа, каква во Велика Британија мошне ретко се случува, со воениот врв на земјата околу нуклеарното оружје.

Корбин, лојален на својата левичарска определба против нуклеарното оружје, изјави дека доколку биде избран за премиер, тој нема да го употреби нуклеарното оружје на Велика Британија.

Ваквата изјави остро ја критикуваше генералот Николас Хоутон, главен командат на заедничката команда на британската армија, оценувајќи ја изјавата на лидерот на опозицијата како опасна за британската безбедност.

Лабуристичкиот лидер не ја одмолче реакцијата на „првиот генерал“ во земјата, обвинувајќи го воениоит врв за мешање на војската во демократијата. Корбин побара од министерот за одбрана, Мајкл Фалон да преземе мерки против генералот.

Лондонските медиуми се поделија околу расправата која доби широк публицитет во британската јавност, па пролабуристичкиот „Дејли Мирор“ го осуди однесувањето на генералот Хоутон, што зазема страна во дебатата околу нуклерното оружје.

Проториевскиот „Дејли Експрес“ се согласува дека генералот треба да остане политички неутрален, но сепак ја одобрува реакцијата на Хоутон, затоа што „со право“ ја предупредува домашната јавност за тоа што ќе се случи ако Корбин навистина еден ден стане британски премиер.

Новиот лидер на лабуристите, кој се уште е изолиран меѓу своите пратеници во Парламентот, затоа што најголемиот дел од нив не го подржуваат, продолжува да предизвикува контроверзи во британската јавност.

Весниците, посебно оние блиски до ториевците, остро го критикуваат дека не се поклонил пред споменикот на загинатите војници во Првата и Втората светска војна и во другите војни во кои учествувала британската армија, туку само положил венец, на вчерашното одбележување на Денот за паметење, посветен на завршувањето на Големата војна во 1918 година.

Претходно, Корбин беше напаѓан што на една комеморација, не ја пееше британската химна „Боже чувај ја нашата кралица„ што беше протолкувано како демонстрација на неговите републикански уверувања.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он