Лидерот на ирачките Курди се заколна дека Синџар ќе го поврати од ИД

Од:

Лидерот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани, денеска изјави дека ирачките Курди треба да ја задржат контролата врз реоните во северозападен Ирак, вклучувајќи го и градот Синџар, откако од таму ќе ги протераат радикалните борци на групата Исламска држава, пренесоа американските медиуми.

Барзани додаде дека Синџар ќе остане курдска провинција во составот на ирачката федерална Влада.

Баразани денеска говореше по повод првата годишнина од преземањето на Синџар од страна на ИД, што десетици илјади лица од јазидското малцинство ги принуди да избегаат во планините. Овие настани ги натераа САД да почнат со воздушни напади врз ИД.

Други курдски групи, меѓу кои се Курдската работничка партија (ПКК) и Силите за заштита на народот, имаат претензии врз Синџар. Во овој момент ирачките, сириските и турските Курди заедно се борат за враќање на контролата врз Синџар, што веќе една година е во раце на џихадистите од ИД.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска