Лидерот на Хезболах упати предупредување и закана кон Израел

Од:

Израел не треба да го злоупотребува повеќе трпението на Хезболах, предупреди денеска лидерот на шиитската либанска група, Хасан Насрала, јави ТАСС.

– Веќе не сме обврзани со никакви задолженија, затоа што Израел не ја признава резолуцијата 1701 на СБ н ОН, рече тој.

Насрала додаде дека Хезболах има легитимно право да одговори на агресијата „на секое место и во секое време“. Насрала исто така рече и дека ако Израел почне нова војна, ќе биде победен од либанската група.

Изјавата на Насрала беше по повод ракетниот напад на Хезболах пред два дена врз израелскиот воен конвој во реонот окупиран од Израел Фермите Шееба, спорна територија, каде се наоѓаат границите на Израел, Либан и Сирија.

Резолуцијата 1701 на СБ на ОН од 11 август 2006 година, повикува за прекин на огнот во Либан.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца