Лидерот на Хезболах упати повик за свет сојуз против ИД

Од:

Лидерот на либанската шиитска групација Хезболах, Хасан Насрала упати повик за свет сојуз на Блискиот Исток во борбата против „егзистенцијалната закана“, која доаѓа од џихадистичката групација Исламска држава.

Тој првпат призна дека Хезболах во Сирија се бори на страната на сириската армија.

– Ги повикувам сите во Либан и во регионот да преземат одговорност и да се спротивстават на заканите од сунитските екстремистички групи (таксири), нагласи Насрала на предавањето во јужниот либански град Набатие.

– Битката против проектот таксири е егзистенцијална битка со која ќе се соочи нашата држава и нашиот регион. Кога станува збор за егзистенцијална битка се друго е во втор план. Денес сме соочени со невидена закана во историјата, која е опасна за целото човештво, истакна тој.

Насрала додадед ека таа закана не е насочена конкретно кон Хезболах во Либан, против конкретна религија, против режимот во Сирија, владата во Ирак или некоја друга група во Јемен.

– Опасноста е за сите. Никој не треба да ги затвора очите и да ја става главата во песок, рече водачот на Хезболах.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца