Лидерот на Хезболах тврди дека милитантната група го победила Израел

Од:

Лидерот на Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека групата постигнала „божествена победа“ против Израел, која, според него, била уште поголема од онаа што ја прогласиле по војната со Израел во 2006 година.

– Кога почнавме да и помагаме на Газа, рековме дека не сакаме војна, но дека сме подготвени на неа. Фала му на Бога, трпението вроди со плод. Денеска се среќаваме во атмосфера на победа и божествен успех – рече Касем во своето прво обраќање по постигнувањето на прекинот на огнот во средата наутро, пренесе Нахарнет.

Касем рече дека Хезболах ќе работи на зачувување на националното единство и зајакнување на одбранбените способности на Либан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа