Лидерот на Хезболах ги повика радикалните групи во Сирија да го положат оружјето

Од:

Лидерот на шиитската групација Хезболах, шеикот Хасан Насрала, чии борци се борат на страната на сириската армија, ги повика бунтовниците од сите радикални групации во Сирија да ја прекинат борбата и да го положат оружјето.

Насрала го упати овој повик во обраќање емитувано од телевизијата Ал Манар, во врска со десетгодишнината од прекинот на конфликтот во јужен Либан.

– Натамошното продолжување на војната е бесмислено, бидејќи тоа им служи само на интересите на САД и на продадените арапски режими. Доколку кај вас борците, останало нешто од исламот, прекинете го непотребното крвопролевање, рече Насрала.

Лидерот на Хезболах тврди дека терористичките организации Исламска држава и Џебат ал Нусра (која го смени името во Џебат Фатах ал Шам) и други радикални групации се вооружувани и обучувани од САД со средства од буџетите на арапските монархии.

– САД се мајстори за водење војни со туѓи раце. И сега Владата на Барак Обама сака во предизборните кампањи да ги искористи разбивањето на ИД во Рака и Мосул, додаде Насрала.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца