А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

by А1он21/04/2025 - 14:141131
Share0

Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, зборуваа за смртта на папата Франциск, кој силно ја критикуваше војната во Украина, осудувајќи го конфликтот како „суров и бесмислен чин на насилство“.

Добивај вести на вибер

„Во името на Бога, ве молам – престанете со овој масакр“, рече папата Франциск во еден од неговите најмоќни апели на почетокот на конфликтот.

Владимир Путин го изрази своето „искрено сочувство“ по смртта на папата.

„Ве молиме прифатете го моето најискрено сочувство за смртта на Неговата Светост Папата Франциск“, рече Владимир Путин во пораката до кардиналот Кевин Џозеф Фарел, Камерленго на Светата римска црква.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека милиони ширум светот тагуваат по смртта на папата Франциск.

„Неговиот живот беше посветен на Бога, на луѓето и на Црквата. Знаеше да понуди надеж, да ги ублажи страдањата преку молитва и да поттикне единство. Се молеше за мир во Украина и за Украинците. Жалиме заедно со католиците и сите христијани кои наидоа на духовна поддршка кај папата Франциско. Вечен спомен“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

franciskpapapapa franciskputinzelenski

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 04:2313/03/2026 - 21:25

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 02:4014/03/2026 - 00:27

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Предраг Петровиќ13/03/2026 - 21:34

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:34

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен