Лидерите на Г-8 разгледуваат начини за активирање на трговијата, собирање даноци и поголема транспарентност

Од:

Активирање на трговијата, собирање даноци и постигнување поголема транспарентност се главните теми во дневниот ред на дводневниот самит на лидерите на земјите од Г-8 во Северна Ирска, што почнува денеска, информира ДПА.

Во луксузниот голф клуб крај езерото Лох Арн, Г-8, во која влегуваат седумте развиени индустриски земји: Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, плус Русија и ЕУ, ќе ги разгледа главните прашања што ги вознемируваат лидерите уште од финансиската криза 2007-2008 година.

G8-lideri-maski

Светските лидери уште ќе разгледаат серија меѓународни теми, меѓукои и конфликтот во Сирија.

Г-8 долго време е форум за либерализирање на трговијата и средбата во Лох Арн нема да биде исклучок. Долго развлекуваната трговска спогодба меѓу САД и ЕУ ќе биде важна тема на самитот на Г-8.

Стотици милијарди неевидентирани налози секоја година се губат прекукриењето доходи во даночните раеви и овој проблем ќе биде, исто така, во центарот на вниманието на Г-8.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска