Лидерите на Г-7 потпишаа Декларација за борба против тероризмот

Од:

Лидерите на членките на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) денеска на средбата на врвот во италијанското место Таормина потпишаа Декларација за борба против тероризмот.

– Декларацијата на Г-7 за борба против тероризмот е силен сигнал за солидарност со Велика Британија по терористичкиот напад во Манчестер, изјави домаќинот на собирот, италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

Тој им се заблагодари на учесниците на Самитот за покажаното единство и решителност за понатамошна борба против тероризмот,

– По она што се случи во Манчестер, ова е порака за пријателство и блискост со Велика Британија, рече Џентилони.

Британската премиерка Тереза Меј од своја страна на колегите присутни на средбата им се заблагодараи за искажаната поддршка на Велика Британија по „ужасниот терористички чин“ во Манчестер.

Како што јави ТАСС, во завршната декларација од собирот, што треба да биде усвоена утре, лидерите на Г-7 оценуваат дека севернокорејската ракетна и нуклеарна програма „достигнале ново ниво“ и дека претставуваат закана за мирот.

Според дипломатски извори, ракетните тестови и развојот на нуклеараното оружје од страна на Северна Кореја било едно од главните теми на денешниот дел од Самитот на Г-7, при што е оценето дека е непходно учество на сите земји за решавање на овој проблем.

Лидерите на Г-7 во завршната декларација исто така ќе ја изразат и својата подготвеност да им помогнат на земјите од кои пристигнуваат мигранти.

– Потребно е да се изработи план за решавање на вонредната ситуација, но и стратегија за управување со миграцијата на долгорочен план. Се договоривме да им помогнеме на земјите да создадат услови за искоренување на причините за масовно мигрирање од нив, се наведува во предлог-текстот на декларацијата.

Во текстот се потврдува дека е неопходно да се почитуваат правата на мигрантите и бегалците, но притоа суверените држави да имаат право да ги контролираат сопствените граници и да поставуваат ограничувања за прием на мигранти, бидејќи „тоа е главен услов за нивната национална безбедност и економскиот просперитет“.

Дводневната средба на врвот на Г-7 започна денеска во италијанскиот град Таормина на островот Сицилија.

Би можело да ве интересира

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј