Лидери на пет членки на ЕУ бараат праведна дистрибуција на вакцините

Од:

Лидерите на пет членки на Европската унија денеска повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики“ меѓу земјите членки.

Лидерите на Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Чешка во писмо до функционери на ЕУ истакнаа дека сметаат оти сегашниот систем „може да продолжи да создава и продлабочува големи разлики меѓу земјите членки до ова лето, при што некои од нив ќе можат постигнат колективен имунитет за неколку недели, додека другите држави би можеле да заостанат далеку зад нив“.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, функционерите на ЕУ се повикуваат „што е можно поскоро да одржат дебата за ова важно прашање“.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера рече дека вакцините не се делат пропорционално меѓу земјите-членки на ЕУ и оти се склучуваат дополнителни договори за снабдување со вакцини како резултат на нетранспарентни преговори меѓу лидерите на ЕУ.

Курц смета дека Холандија и Данска имаат пристап до значително повеќе дози вакцини по глава на жител отколку земјите како, на пример, Бугарија или Хрватска.

Петмина шефови на влади ја критикуваа досегашната практика на дистрибуција на вакцини бидејќи тоа е во спротивност со договорот на ЕУ за пропорционална распределба.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он