Лидер на Хезболах: Повлекувањето на САД од Авганистан е лекција за Израел

Од:

Лидерот на либанското екстремистичко движење Хезболах Хасан Насрала, оцени дека повлекувањето на САД од Авганистан треба да послужи како лекција за Израел дека таа земја не е сигурен партнер.

Во синоќешното обраќање до неговите поддржувачи преку телевизија, Насрала истакна дека талибанското преземање на Авганистан е „морален пад на Америка“.

– Оние кои највнимателно следат извлекуваат заклучоци од него се Израелците, рече тој.

Тој, исто така, оцени дека американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да „прифати историска грешка“ за да докаже промена во политиката, односно дека САД во иднина нема да војуваат со други земји, и реторички праша што би значела новата американска надворешна политиката за Либан и неговите соседи.

– Секој мора да размисли и да посредува во тоа. Оние на кои им се потребни најмногу заклучоци и мудрост се луѓето во регионот, рече водачот на проиранскиот шиитски Хезболах, алудирајќи на победата на талибанците, пренесе израелски i24news.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници