Либиските власти најавија зголемени мерки за безбедност на нафтените објекти

Од:

Либиските власти донесоа одлука за зајакнување на безбедносните мерки на нафтените објекти, соопшти претставник на специјалните служби.

На обезбедувањето на нафтените претпријатија официјално им беше препорачано да ги зголемат мерките за безбедност на наоѓалиштата во близина на границата со Тунис, Алжир и Нигер, изјави полковник Ахмед Халифа ал Хабаши.

Според него, вработените во безбедносните структури веќе почнале да заземаат позиции во и околу нафтените објекти, со цел да се спротивстават на секоја можна закана.

Во соопштението на либиските тајни служби се наведува дека се преземаат мерки за зголемување на бројот на патролите во близина на нафтените наоѓалишта и создавање на оперативен штаб за координирање на активностите. Меѓу другото, предвидено е и набљудување на нафтените објекти од воздух, истакнуваат властите.

Според политичките аналитичари, мерките од страна на либиските власти се поврзани со влошување на состојбата во регионот, особено по последните настани со земањето заложници од нафтен објект во Алжир и почетокот на воени операции против исламистички бунтовници во Мали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски