Либиските авиопревозници добија забрана за полетување и слетување во ЕУ

Од:

Европската комисија им забрани денеска на сите либиски авиопревозници да ги користат аеродромите на територијата на Европската унија или да прелетуваат над државите од Унијата.

Одлуката е донесена поради безбедноста на европскиот воздушен простор и е поврзана со немирите во Либија од 2011 година досега и со неодамнешното уништување на пистите и терминалите на двата аеродроми во главниот либиски град Триполи.

Еврокомесарот за транспорт Виолета Булц преку соопштение појасни дека нестабилноста во Либија ја исклучува можноста за контрола на воздухопловните средства во земјата.

Булц истакна дека ЕУ е подготвена да и помогне на Либија по тоа прашање, веднаш откако ќе се отвори можност за тоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски