Либискиот заменик премиер Авад ал Бараси изјави дека поднесува оставка, оценувајќи ја Владата како „нефункционална“ и неспособна да го спречи насилството.
Бараси оваа неочекувана вест ја соопшти доцна синоќа на прес-конференција во Бенгази, во момент на се поголемо незадоволство на јавноста поради насилството и серијата политички убиства во земјата.
Наведувајќи ги причините за оставката, Бараси ги наведе „и убиствата кои се поврзани со владината политика“. Тој истакна дека Владата не успеала да ја придобие довербата на народот и да им обезбеди на државните агенции средства, со кои ќе се остварат развојни цели.
Само неколку дена претходно, либискиот премиер Али Зејдан изјави дека се откажува од плановите за реконструкција на Владата, со цел таа подобро да реагира на немирите во земјата, туку дека ќе формира „кризен комитет“.