Либискиот претседател Мохамед Магариф ги повика Либијците на единство на втората годишнина од бунтот со кој беше соборен режимот на Моамер Гадафи.
Претседател Мохамед Магариф се обрати на митинг во Бенгази, источниот либиски град каде избувна востанието против Гадафи.
Во своето обраќање пред илјадници Либијци, Магариф ги посоветува своите сограѓани да ги надминат разликите, за обновување на земјата. Тој најави борба против сиромаштијата и маргинализирањето.
Магариф истакна дека ќе додели дополнителни средства на Либијците за одбележување на настанот, без да посочи како ќе бидат поделени и распоредени.
Од безбедносни причини границите на Либија со Египет и Тунис се привремено затворени.
Во Либија се уште има непријателства меѓу милициите.