Либискиот премиер притворен во полицискиот оддел за броба против криминалот во Триполи

Од:

Либискиот премиер Али Зејдан е приведен во Одделот за борба против криминалот при Министерството за внатрешни работи на Либија и е во добра здравствена состојба, соопшти претставник на Одделот, прецизирајќи дека кон него ќе се однесуваат добро.

Претходно, групата Оперативен штаб на либиските револуционери соопшти дека нејзини припадници денеска пред разденување го уапсиле Зејдан во хотелот „Коринтија“, каде се наоѓа неговиот кабинет, поради улогата на неговата Влада во фаќањето на лидерот на Ал Каеда во Либија, Абу Анас ал-Либи, кој во саботата беше заробен во Триполи од американски командоси.

Групата Оперативниот штаб на либиските револуционери, која е составена од поранешни бунтовници, е ангажирана од Министерството за внатрешни работи со задача да се грижи за бебзедноста во либискиот главен град.

Портпаролот на групата изјави дека премиерот бил уапсен по наредба на Јавното обвинителство на Либија.

Меѓутоа, како што пренесе ДПА, Обвинителство негира дека издало налог за апсење на либискиот премиер. Според Јавното обвинителство, Зејдан е киднапиран и одговорните за тоа ќе бидат казнети согласно законот.

Либиската Влада исто така соопшти дека премиерот Али Зејдан „бил киднапиран“. Во владиното соопштение се нагласува дека Зејдан бил грабнат рано изутринава во Триполи од вооружена група, за која се претпоставува дека е составена од поранешни бунтовници, и бил одведен во непознат правец.

Владата информира дека во потрагата по премиерот се вклучиле највисоките либиски институции и ги повика граѓаните да останат мирни.

Во меѓувреме се огласи и генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој повика на итно ослободување на Зејдан.

– Ги следам настаните со голема загриженост. Важно е ситуацијата да стане појасна што е можно поскоро и ако се потврди киднапирањето на Зејдан, повикувам на неговото итно ослободување, изјави Расмусен.

Според него, стабилноста и владеењето на правото во Либија се од најголема важност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски