Либискиот премиер најави измени во владата

Од:

Либискиот премиер Али Зидан најави измени во владата, а вооружени групи кои повеќе од десет дена ги држеа држаните институции под опсада, ги нарече „револуционери“.

Вооружените групи ги опколија зградите на државните институции, со цел да ја примораат власта да донесе закон со кој официјалните лица од режимот на Моамер Гадафи ќе бидат исклучени од политиката.

И покрај тоа што минатиот викенд владата го донесе тој закон, вооружените групи се уште не се повлекоа, бидејќи бараат и премиерот Зидан да се тргне од функцијата.

Зидан изјавил дека во сите министерства има припадници на поранешниот режим, но дека во потполност ќе биде применет Законот за политичка изолација со кој им се забранува на високите владини официјални лица на режимот на Гадафи да останат на раководните функции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски