Либискиот премиер Мустафа Абушагур разрешен од функцијата по помалку од еден месец наименувањето

Од:

Либискиот премиер Мустафа A.Г. Абушагур е сменет од функцијата откако не успеа по втор пат да добие парламентарно мнозинство за формирање на владиниот кабинет, пренесува Би-Би-Си. Тој беше избран за премиер на 12-ти Септември 2012 година, а на 7-ми Октомври 2012 е разрешен од функцијата.

Неговиот последен предлог за формирање на “кризна влада” составена од десет министерства, за разлика од претходно предложените 29, наиде на одбивање на огромното мнозинство на пратеници во парламентот. Сега останува на парламентот во наредните три до четири недели да избере нов премиер.

Во текот на парламентарната дебата за кабинетот на новата влада дојде до насилни протести во кои демонстрантите, главно од градовите како Бенгази и Мисрата, влегоа во зградата на парламентот барајќи заминување на премиерот Абушагур.

Првиот предлог на Мустафа Абу Шагур за формирање влада наиде на одбивање од парламентот во четвртокот навечер. Според либискиот закон, ако премиерот двапати не добие подршка од парламентот за формирање на кабинетот мора да поднесе оставка, пренесува Вашингтон пост.

Некои Либиски официјални лица изразија загриженост во врска со агентите на ФБИ на либиската територија. Тимот од американски агенти на ФБИ, чија задача е да се испита што точно се случило во нападот на амбасадата во Бенгази на 11 септември се наоѓа во Триполи веќе неколку недели, но оправдано од безбедносни причини на агентите не им е дадена дозвола за посета на Бенгази за да спроведат истрага.

Додека парламентот не избере нов премиер кој ќе ја формира владата, Со земјата ќе управува привремената влада, која е формирана уште во минатата година.
Мерките за безбедност, меѓуградските тензии и економската ситуација се главните прашања кои новата влада, како што очекува населението, треба да ги реши, пишува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски