Либискиот Парламент не ја поддржа Владата на национално единство

Од:

Либискиот меѓународно признат Парламент денеска не ја призна Владата на национално единство и ја отфрли политичката спогодба со ривалските фракции во Триполи, изјави амбасадорот Еса ал-Ареиби, а пренесе Танјуг.

Либија минатата недела формира нова Влада на национално единство насочена кон обединување на судрените фракции во оваа земја, во согласност со планот поддржан од Обединетите нации.

Претседателскиот совет со седиште во Тунис, минатата недела беше формира токму според овој план, а во него беа именувани вкупно 32 министри.

Ареиби наведе дека  90 од 140 членови на Парламентот кои денеска присуствувале на седницата ја отфриле Владата за национално единство, додека 84 не ја поддржале политичката спогодба, пренесуваат американските медиуми.

Владата и спогодбата беа договорени по повеќемесечни преговори и добија поддшка од некои членови на ривалските фракции.

Либија западна во политички и безбеднозен хаос по соборувањето и убиството на долгогодишнот претседател Моамер ал-Гадафи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски