Либиски пратеник изјави дека Парламентот на Либија ќе заседава на тајно место, по нападот извршен од вооружени лица, лојални на поранешен генерал, пренесува БТА.
Народниот претставник, кој побара анонимност, рече дека местото на седницата се држи во тајност, поради вооружените судири во престолнината Триполи, каде се наоѓаат силите на генералот Халифа Хафтар.
Следбениците на Хафтар велат дека водат војна, за да ја спасат Линија од исламски екстремисти.
Пратеникот рече дека Парламентот денеска ќе гласа за избор на нов премиер и за буџетот.
Приврзаниците на Хафтар упаднаа во Парламентот во Триполи во неделата, а во нападот загинаа двајца и беа ранети над 50 лица.