Либискиот генерал Хафтар побара формирање нова кризна влада

Од:

Одметнатиот либискиот генерал Халифа Хафтар, кој покрена напади врз Бенгази и Триполи, побара формирање нова „кризна влада“ во Либија, што би спровела вонредни избори.

Хафтар е поранешен началник на Генералштабот на либиската Армија во времето на Моамер Гадафи, кој по избувнувањето на протестите во 2011 година премина на страната на бунтовниците, командувајќи со разни вооружени групи.

Минатиот петок неговите единици извршија напади врз исламистичките вооружени групи во Бенгази, користејќи во еден момент и воздухопловни сили. Во саботата, тој и војниците под негова команда, извршија напад и врз зградата на Парламентот во Триполи, по што побара распуштање на пратениците и оставка на актуелната Влада.

Министрите и пратениците одбиваат да ги напуштата своите функции, а генералот Хафтар ги обвини дека го подржуваат тероризмот во земјата.

Во досегашните судири меѓу силите на генералот, кој не ја признава Владата и разните исламистички милитанти, досега се убиени повеќе од 100 лица, главно припадници на паравоените групи.

Владата во Триполи соопшти дека таа не му дала дозвола на Хафтар да се пресметува со исламистите, па неговите операции во двата најголеми либиски градови ги окарактеризира како „воен удар, кој и нанесува огромна штета на либиската револуција“.

Воениот врв во земјата, како и командантите на воздухопловството и на морнарицата, меѓутоа, застанаа зад одметнатиот генерал. Министертвото за внатрешни работи, прво соопшти дека му дава поддршка на Хафтар, а подоцна ја повлече таа изјава. Засега, само министерот за култура Хабиб Амин, како и либискиот амбасадор во САД, јавно ги поддржаа  генералот и неговите пресметки со исламистите.

Во обраќањето до јавноста, тој го повика народот да застане зад армијата, објаснувајќи дека операциите што ги презеде во изминатите шест дена, имаат за цел „враќање на достоинството на Либија“ и спречување земјата да се претвори во прибежиште на тероризмот и терористите.

Хафтар побара забрана на исламистичките партии, како што е Муслиманското братство.

Според него, идната влада треба да биде според волјата на Либијците и побара од Врховниот суд да создаде посебен граѓански цивилен совет што ќе го надгледува работењето на привремениот владин кабинет до парламентарните избори.

Ситуацијата во земјата продолжува да биде неизвесна, а политичката криза се продлабочува. Од март годинава, во Либија беа сменети тројца премиери, а нема ни најави кога ќе почне изработката на новиот Устав на земјата, иако тоа се најавува повеќе од две години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски