Либиски војници, лојалнин на поранешниот генерал Халифа Хафтар, изјавија вчера дека ги суспендирале активностите на Парламентот на земјата, неколку часа откако ја нападнаа зградата со пушки и минофрлачи и ги растераа пратениците.
Во изјавата, прочитана на националната телевизија претставник на силите на Хафтар истакна дека работата на Парламентот ќе биде стопирана, а законските активности привремено ќе ги извршува Конститутивното собрание, избрано во февруари, за да го состави новиот Устав.
– Сакаме да ве увериме дека тоа што се случи во Триполи нема за цел државен преврат, изјави полковникот Мохтар Фарнана, командант на воената полиција.
– Армијата на Либија потврдува дека ја почитува волјата народот и оти се бори против екстремизмот, додаде Фарнана.
Во нападот врз Парламентот, според болнички извори, загинале две лица, а ранети се над 60.
Изминатите три дена во Бенгази се убиени 83 лица во судири меѓу силите генералот Хафтар, кој своите сили ги нарекува „национална армија“ и радикалните исламисти, меѓу кои и слафитската екстремистичка групација „Ансар ал шарија“.