Засега непознати напаѓачи убија во петокот либиски воен генерал во Бенгази, град на истокот на Либија.
Генералот Мохамед Хади Ал-Феитури е убиен додека излегувал од џамија по молитвата. На него е пукано од автомобил, соопштија неименувани безбедносни извори.
Засега не се познати деталите за нападот.
Феитури му сврте грб на режимот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи за време на минатогодишните протести, а подоцна стана шеф на воената единица задолжена за муниција и вооружување.
Ова е последен во серијата напади во Бенгази.
Минатата недела силна експлозија ја потресе зградата на либиската разузнавачка воена служба, но во таа прилика немаше жртви.