Либиски авион со 150 патници е погоден додека се подготвувал да слета на аеродром во Триполи, но во инцидентот нема повредени.
Боинг 737 на либиска компанија се наоѓал на неколку километри од аеродромот во Триполи кога синоќа бил погоден. Засега не е познато дали во прашање бил напад.
Истрели од огнено оружје се редовна појава во Либија каде има големо количество оружје по конфликтот во 2011 година кога беше симнат од власт лидерот Моамер Гадафи.
– Додека се подготвувал за процедура за слетување, авионот е погоден во долниот дел од трупот. Авионот подоцна безбедно слетал, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во либиската авиокомпанија Бурак ер. Авионот од Бенгази на исток во Либија извршувал лет кон Триполи.